Компанијата HTC го претстави својот најнов телефон. Станува збор за буџетскиот HTC Wildfire E3, кој пристигнува со голема батерија, четири камери и Mediatek чипсет.
Wildfire E3 го покренува Helio P22 SoC, со осум јадра @2,0GHz. Достапни се 3GB и 4GB RAM меморија , како и 64GB или 128GB простор за складирање (со проширување до 128GB повеќе преку microSD слот). Телефонот има 6,5-инчен LCD-екран со HD+ резолуција.
На задниот дел од уредот, покрај сензорот за отпечатоци, има и четири камери. Постојат главна камера од 13MP, ултра широк 8MP, макро 2MP и сензор за портрет од 2MP. На предната страна се наоѓа селфи камера од 13MP, сместена во исечок.
Уредот го напојува батерија од 4000mAh, која се полни преку USB-C порт. Опциите за конекција ги вклучуваат Bluetooth 4.2, 3.5 мм приклучок, Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac, Dual LTE. Оперативниот систем е Android 10.
HTC Wildfire E3 е достапен во црна и сина боја, а моментно е наведен во понудата на рускиот малопродажен синџир Citilink. Цената и достапноста на телефонот не се познати.
Поврзани артикли