Компанијата Epic Games и бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар го најавија неговото појавување во популарната видео-игра Fortnite.

Предвидено е Нејмар да се појави во Fortnite на 16 март, како што укажуваат некои објави на Twitter. Еден од тизерите е дресот на Нејмар со број 10, а фудбалерот на ПСЖ ја сподели оваа објава и на својот профил.

Деталите за тоа како ќе се појави Нејмар во Fortnite сè уште не се достапни, но веста доаѓа во време на мисијата Zero Crisis Finale, која е во фокусот на видеотизерот.

Sвездата на ПСЖ не игра веќе некое време поради повреда.

Fortnite настаните во живо привлекоа голема публика, а меѓу нив беа и настапот на американскиот диџеј Маршмелоу, што го следеа 10 милиони луѓе, како и настапот на Тревис Скот, кој го следеа повеќе од 12 милиони луѓе.

Извор: Klix.ba