Google на Android Developers блогот ја најави Jetpack Tiles библиотеката за Wear OS. Тоа значи дека програмерите можат да почнат со креирање на одредени картички за екстерните апликации на платформата за носечки уреди.
Tiles се виџет екрани на кои е можно да се пристапи кога се свајпу на левата страна на екранот на паметниот часовник. Тука е можен преглед на временските услови, статистики на здравјето, мерење на отчукувањето на срцето. Досега, единствените Tiles елементи кои корисниците можеа да ги додадат беа оние кои ги креирале Google или производителот на часовникот.
Jetpack Tiles библиотеката е се уште во алфа фаза, но таа е доволна програмерите да имаат прилика да почнат со креирање на прилагодени Tiles елементи за Wear OS. Според наводите на Google, новите картички ќе станат достапни кога компанијата ќе го објави соодветното Wear OS ажурирање во текот на пролетта.