Microsoft одлучи повеќе да не ги вклучува Paint 3D и 3D Viewer апликациите во рамките на новите Windows 10 инсталации.
Paint 3D и 3D Viewer беа претставени во 2017 Windows 10 Creators Update, две години по официјалната објава на Windows 10. Меѓутоа, двете апликации не беа посебно популарни, што е веројатно една од причините зошто повеќе нема да бидат стандарден дел од Windows 10.
Според информациите од Insider build (v21332) changelog-от објавен на 10 март, Paint 3D и 3D Viewer повеќе нема да бидат преинсталирани во Insider Preview build верзиите. Тоа значи и дека идните верзии на Windows 10 нема да ги имаат овие апликации, но ќе останат инсталирани на компјутерите кои имале надградба на претходните верзии на Windows 10.
Двете апликации ќе бидат достапни во Microsoft Store, овозможувајќи им на корисниците да ги преземаат и инсталираат на своите Windows уреди, доколку ги немаат преинсталирани. Paint 3D може да се преземе ТУКА, додека 3D Viewer е достапен на овој ЛИНК.
Поврзани артикли