Флексибилниот телефон на Xiaomi веќе одамна се очекува, а сега дојавувачот Digital Chat Station тврди дека Xiaomi Mi Mix 4 Pro Max (неофицијално име) ќе користи дизајн со свиткување на екранот навнатре, слично како кај Samsung Galaxy Z Fold2 и Huawei Mate X2 моделите .
Ова би можел да биде прототипот што беше забележан на фотографија во јануари. Потоа, во февруари, моделот со ознака M2011J18C се појави на TENAA листингот. Аналитичарот Рос Јанг сугерира дека ова би можел да биде еден од трите флексибилни телефони на Xiaomi, кои би можеле да ги видиме оваа година.
Се сугерира дека за Mi Mix 4 Pro Max флексибилните панели ќе ги произведува China Star (CSOT) и дека тоа нема да биде Samsung Display. Се очекува дека дисплеј панелите ќе имаат дијагонала од 8,03 инчи кога ќе се отвори, со брзина на освежување од 90Hz или 120Hz. Секундарниот дисплеј би требало да биде со големина од 6,38 инчи.
Pro Max би требало да има голем сензор за камерата (1/1.28″ IMX700y), заедно со 10x перископ објектив. Телефонот ќе има и голема батерија со опција за брзо полчнење.