Оние кои редовно користат Twitter, сигурно забележале дека долгите фотографии се сечат на неконвенционален начин кога се скрола низ тајмлајнот. Twitter обично ги сече фотографиите според однапред одреден однос на страницата, а алгоритмите одредуваат каде ќе биде фокусот кога ќе се прегледа фотографијата. Доколку корисникот ја сака целата фотографија, треба да кликне/притисне на неа.
Ова донекаде ќе се промени, бидејќи Twitter најави дека го менува начинот на преглед на фотографиите на верзии на апликации за Android и iOS. Оваа промена ќе овозможи да се видите целосната фотографија директно од тајмлајн. Функцијата ќе се однесува на твитови со една фотографија и би требало да работи за повеќето фотографии. Доколку сликата е многу долга или широка, и натаму ќе биде исечена, но повеќе кон центарот.
Покрај ова, Twitter додава можност за уфрлање и преглед на фотографии со повисок квалитет. И оваа опција сè уште е во фаза на тестирање, а Twitter истакнува дека поддржува фотографии до 4K резолуција. Ова значи дека за вметнување фотографии ќе биде поддржана максимална резолуција од 3840 x 2160 пиксели.
Засега е непознато кога овие подобрувања ќе станат достапни за пошироката популација на корисници и дали ќе бидат достапни и за другите платформи на кои се користи Twitter.