На почетокот на оваа недела, Huawei одржа брифинг со медиумите, во текот на кој компанијата пружи повеќе детали за своите Huawei Mobile Services и HarmonyOS опкружувања.
За време на состанокот беа објавени неколку интересни статистички податоци, како што е податокот дека Petal Search (услугата за пребарување на Huawei) е на пат да достигне 60 милиони активни корисници надвор од Кина до крајот на 2021 година.
Huawei истакна дека компанијата работи многу силно надвор од кинескиот пазар. Моментно постојат 18 милиони активни корисници на платформата Petal Search надвор од Кина месечно, а четири милиони од нив се наоѓаат во Европа. Ова е голем успех за Huawei, со оглед на тоа што пред 12 месеци Petal Search дури и не постоеше.
Huawei истакнува и дека Petal Search има сертификат, одобрен од Европската унија, кој гарантира дека корисничките податоци се заштитени и безбедни.