Huawei додаде уште еден модел во постоечката Mate 40 серија телефони, која се состои од моделите Mate 40, Mate 40 Pro, Mate 40 Pro+ и Mate 40 RS Porsche Design, а се работи за моделот Mate 40E 5G.
Huawei Mate 40E 5G има 6,5-инчен FullHD+ 90Hz закривен OLED екран. Панелот има punch-hole отвор за селфи камерод 13MP и сензор за отпечатоци од прсти под екранот за биометриско отклучување.
На задниот дел од телефонот има кружно испакнување за камерите, каде е сместен главниот сензор од 64MP, телефото од 8MP (3х оптичко зумирање) и ултраширокиот сензор од 16MP. Последната камера овозможува креирање макро снимки на објекти од непосредна близина од 2,5 см.
Mate 40E 5G го покренува Kirin 990E чипсет, со 8GB RAM меморија и има две опции за складирање: 128GB и 256GB. Оперативниот систем е EMUI 11, базиран на Android 10. Телефонот има батерија од 4200mAh со поддршка за 40W полнење од преку USB-C порт, 40W безжично полнење и обратно безжично полнење.
Од останатите карактеристики, тука се IP53 сертификат, 5G поддршка, 3,5 мм приклучок, NFC, Wi-Fi 6+, dual-band GPS, стерео звучници и многу повеќе. Huawei Mate 40E 5G ќе се најде во продажба на кинескиот пазар од 18 март, по цена од околу 705 долари за моделот 8GB/128 GB и околу 785 долари за 8GB/256GB варијантата.
Покрај Mate 40E 5G, Huawei најави и 8GB/256 GB верзија на Mate 40 RS Porsche Design Edition телефонот, чија цена iznesuva околу 1690 американски долари и исто така ќе се најде во продажба од 18 март во Кина.
Поврзани артикли