Компанијата SpaceX бара дозвола од регулаторите да овозможи поврзување на возила, камиони, бродови и авиони со својата сателитска Starlink интернет мрежа.
SpaceX во петокот побара дозвола од Федералната комисија за комуникации и тоа е најголемиот чекор на SpaceX до денес кон поврзување на Starlink со автомобилскиот сектор, потенцијално профитабилен бизнис што ќе ја прошири моментално стационарната понуда од руралните домаќинства.
Патничките автомобили ќе мора да почекаат, вклучително и моделите Telsa, бидејќи терминалот во моментов е преголем, што го потврди основачот и директорот на двете компании, Илон Маск. Тој додаде дека поврзувањето со Starlink во овој случај е наменето за авиони, бродови, големи камиони и кампер-возила.
SpaceX во моментов има повеќе од 1.000 сателити во вселената кои ја сочинуваат мрежата Starlink, а околу 10.000 корисници веќе користат интернет како дел од бета-програмата наменета за руралните делови на САД кои имаат мала или никаква интернет-поврзаност. Опремата Starlink со антена и рутер чини 499 долари, додека цената на месечна претплата е 99 долари. Брзината на интернетот се движи помеѓу 70 и 130 Mbps.
Извор: Klix.ba