NASA на својот Twitter профил објави фотографии од примероците на земјиштето во Сибир кои што ги збунија научниците, а и понатаму нема точно објаснување за нив.
Како што се наведува, станува збор за нешто налик на темни и светли пруги, а примерокот е видлив во текот на сите четири годишни времиња, но сепак најизразен е назима поради тоа што снегот го прави повидлив.
Засега постојат две можни објаснувања за оваа појава
Дури 90 отсто од овој дел на средносибирската висорамнина е покриен со мраз кој што за кратки временски периоди се топи. Кога земјата смрзнува, одмрзнува, а потоа повторно смрзнува, деловите добиваат необични кружни или пругасти структури, објавиле научниците во списанието Science.
What is causing this distinctive striping pattern?
On steeper hills, the stripes form tight loops that spiral from the top of the hill to the bottom. As they descend toward the riverbanks, they start to fade.
Here is the same location in the fall: pic.twitter.com/Mo9krveRt5
— NASA Landsat Program (@NASA_Landsat) February 26, 2021
Второто објаснување го понудил американскиот геолог Томас Крафорд. Тој изјавил дека пругите потсетуваат на седименти од карпи и ефект кој што е познат како „геологија на слоевитиот колач“.
Истиот се појавува кога снегот се топи и се слева надолу, а во тој момент ги ситни седиментите. Во текот на тој процес можат да настанат и плочи кои што изгледаат како парче слоевит колач.
Секако, во коментарите на фотографиите кои ги објави NASA, најмногу имало такви луѓе кои што овие „шини“ ги поврзуваат со вонземјани.
Извор: Informer.rs