Google развива посебен уред преполн со сензори и микрофони, благодарение на кој може да се изолираат индивидуални гласови од масата на луѓе, но исто така и кој може да овозможи уште подобро слушање.
Пред повеќе од една деценија, основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин го основаа новиот X оддел на компанијата за развој на напредни и нови технологии кои еден ден можат да го направат светот радикално подобро место. За време на тој период, тие инвестираа милијарди долари во голем број проекти – од автономни автомобили, дронови за испорака, паметни очила, интернет балони итн., а иако од многу се откажаа, тие продолжија со проекти кои беа најперспективни и некои од нив како Waym и Wing станаа посебни компании.
Следниот во низата такви проекти, за кои официјално сè уште не е познато, но анонимни вработени во компанијата споделија информации за тоа со новинарите, се однесува на уред кој може да им овозможи на луѓето – суперслух. Кодното име на проектот е Вулверин и според неговиот опис, се чини дека станува збор за парче хардвер како од некои шпионски филмови за Џејмс Бонд. Имено, овој уред треба да се состои од бројни сензори кои можат да изолираат индивидуални човечки гласови од голема маса на луѓе. Ова значи дека Вулверин треба да му дозволи на лицето што го носи, и покрај мрморењето, бучавата и бројните гласови на другите луѓе, да се фокусира само на она што го кажува една личност во таа голема група на луѓе.
На проектот на Google досега му се придружија голем број експерти за слух, што зборува за неговата сериозност и посветеност кон Вулверин, а според The Verge, нивниот план не е да направат само еден уред, туку повеќе модели од различни димензии и веројатно со различни можности. Првите верзии на уредот за супер-слух биле доста големи и го покривале целото уво, а причина за тоа се бројните микрофони кои треба да бидат вградени во него. Сепак, поновите верзии се помали и изгледаат идеални ако нивните инженери и дизајнери би можеле да ја имплементираат целата оваа технологија и бројни микрофони во уред со големина на слушалки.
Се разбира, како и со сите т.н. moonshot проекти, прашањето е дали еден ден ќе видиме готов производ наменет за комерцијална употреба што може многу да им помогне на луѓето со проблеми со слухот, но исто така може генерално да го подобри слухот и да го смени начинот на слушање или, како што беше случај со многу проекти, на крајот да се откажat од тоа.
Извор: Zimo.hr