Првиот чекор за заштита е да научиме како да ги препознаеме овие закани, а потоа и како да го елиминираме нивното штетно влијание
Користењето дигитални алатки и интернет пристапот ни овозможија многу поволности и нови можности, но со напредокот на технологијата расте и ризикот од закани коишто нѐ демнат на интернет. Една од најчестите закани се лажните анкети и наградни игри, коишто можат да предизвикаат голема штета. Првиот чекор за заштита е да научиме како да ги препознаеме овие закани, а потоа и како да го елиминираме нивното штетно влијание.
Многу често на веб, како и на WhatsApp и Viber, се појавуваат анкети коишто бараат лични податоци од корисниците или ве известуваат дека сте добитник на некоја награда од наградна игра, во името на добро познати компании. Но внимавајте, станува збор за лажни анкети или наградни игри создадени од трети лица, коишто користат познати брендови за да манипулираат со корисниците.
Заканите на интернет се како грабливци во џунглата – никогаш не знаете каде се кријат и од каде ќе нападнат. Токму затоа треба да бидете свесни дека чудните шарени и светкави известувања коишто ви нудат некаква лукративна награда во замена за вашите лични податоци се, всушност,интернет измами. Иако повеќeто од нас се свесни за ваквите измами, сепак можеме да подлегнеме на искушението коешто стои зад изјавите како „Вие сте добитник на 1 милион денари“ и да ги споделиме своите податоци, состојбата на сметката или дури и одредена сума пари којашто овозможува да се „продолжи кон подигнување на добивката“.
Уште еден класичен пример за обиди за измама на интернет се оние „phishing“ пораки испратени во името на некоја компанија или бизнисмен, на кој едноставно му било здодевно, па решил да ви исплати солиден паричен износ на вашата сметка. Слично како и наградните игри, ваквите „phishing“ пораки бараат лични податоци на корисникот, користејќи ја лагата дека така тој ќе дојде до „голема сума пари“. Оваа комуникација изгледа директно и официјално, со цел да ве убеди да соработувате. Но, треба да размислите пред да кликнете и убаво да ја проучите пораката пред да се согласите да учествувате во вакви активности.
Како да ги препознаете интернет измамите?
Навидум, работите се едноставни: не давајте им лични податоци на лица коишто не ги познавате и извори коишто не се докажано доверливи, не кликнувајте на линкови во пораки за наградни игри за кои не сте се пријавиле и никому не испраќајте детали од вашите банкарски сметки. Понекогаш изворот изгледа премногу уверлив и ќе сакате да му верувате, но не преземајте дополнителна акција додека не се уверите дека тој е целосно сигурен и доверлив, со цел да се заштитите себеси, вашите уреди, а можеби и околината во која работите. Верувајте им само на официјалните канали и профили на компаниите и не верувајте на „пријателски расположени странски принцови“ коишто сакаат да ви го подарат своето богатство, бидејќи работите едноставно не одат така.
Како да се заштитите?
Покрај едукација, потребна ви е и заштита којашто ќе ја препознае заканата, директно ќе ги намали штетните влијанија и ќе ги елиминира последиците од неа. Услугата Safe Net на Македонски Телеком е интегрирана во самата мрежа и нејзината задача е да ве заштити од опасностите коишто можат да ви наштетат преку интернет. SafeNet препознава вируси, штетен софтвер и други интернет измами и го известува корисникот во моментот кога ќе се појави опасност во интернет сообраќајот. Оваа услуга е достапна за домашната и мобилната мрежа, како и за мрежата преку која се води бизнис, преку SafeNet HOME, SafeNet MOBILE и SafeNet OFFICE, а се активира едноставно преку мобилната апликација Telekom MK, без дополнителни софтверски и хардверски инсталации.
Поврзани артикли