Шведската компанија Volvo соопшти дека до 2030 година планира да премине на продажба на електрични автомобили за да останат конкурентни на пазарот.

Сите останати модели со мотори со внатрешно согорување, вклучувајќи ги и хибридните автомобили постепено ќе бидат исфрлени од понудата, соопшти компанијата.

„Нема иднина за автомобилите со мотори со внатрешно согорување“, изјави Хенрик Грин, шеф на одделението за технологија на оваа компанија.

Volvo Cars to be fully electric by 2030

Volvo минатата година претстави потполно нов електричен модел, а оваа недела ќе претстават уште еден електричен автомобил.

Компанијата сака до 2025 година половина од нејзината продажба да бидат автомобили со електричен погон, а останатите модели со хибриден погон.

Извор: Klix.ba