Стартап компанијата Framework претстави амбициозен проект – лаптоп што може да се менува, поправа и надградува како ниеден преносен компјутер досега. Основата на компјутерот ја сочинува алуминиумска шасија, екран од 13,5 инчи со резолуција 2256 x 1504 пиксели, матична плоча со Intel процесор од 11. генерација и батерија од 55 Wh. Компјутерот поддржува до 64GB DDR4 меморија и до 4TB Gen4 NVMe простор за складирање.
Идејата е лаптопот да добие можност да се унапредува како класичен десктоп компјутер. Кај него, лесно можат да се менуваат не само RAM меморијата и просторот за складирање, туку и батеријата, конекторите, тастатурата, екранот, па дури и самото куќиште. Екстерните компоненти, како што се екранот, тастатурата, како и некој вид на хаб со приклучоци (постојат верзии за USB-C, USB-A, HDMI, DisplayPort, microSD…) се магнетски поврзани со куќиштето, така што тие можат лесно се променат.
Покрај тоа, Framework планира да отвори онлајн продавница за продажба на сопствени, но и модули од други производители. Секоја компонента ќе биде означена со QR-код, а со нејзино скенирање ќе се прикажат сите компатибилни компоненти што постојат во продавницата, кои можат да се користат како замена. Исто така, понудата ќе вклучува и преконфигуриран DIY комплет, за корисниците кои сакаат самите да го склопат свој лаптоп.
Сепак, за да успее овој план, Framework не само што мора да создаде сопствен екосистем, туку тој систем мора да биде и траен. Тоа значу дека компанијата, но и другите производиутели ќе мораат да произведуваат компатибилни компоненти, долг временски период, за купувачите да бидат сигурни дека навистина ќе добијат модуларен компјутер, кој во секој момент можат да го надградат или променат…
За оние на кои идејата веќе им се допадна, Frameweork планира да почне со примање на резервации во текот на пролетта, а првите испораки на компјутери би можеле да бидат во текот на летото. Што се однесува до цените, тие се уште не се објавени, но од компанијата тврдат дека ќе бидат на нивото на другите компјутери со слични перформанси.