Научниците го потврдија постоењето на вселенските урагани, откако забележаа електрони кои паѓаат во атмосферата на Земјата.
Тим предводен од научници од кинескиот Универзитетот Шандонг анализирал вителна маса на плазма со дијаметар од 1.000 километри, стотици километри над Северниот пол и откриле дека плазмата има форма на циклон со средиште каде струјата е скоро нула. Но, наместо дожд, таа маса на плазма „врнеше“ електрони.
Вселенскиот ураган се движел спротивно од стрелките на часовникот и траел околу осум часа пред да се распадне.
Научниците предупредуваат дека ваквите бури високо во атмосферата на Земјата можат да ги нарушат GPS-системите, но и да обезбедат подобро разбирање за временските услови.
Професорот Мајк Локвуд од Универзитетот во Ридинг во Велика Британија вели дека овие вселенски урагани можат да бидат универзален феномен на планетите и месечините кои имаат магнетно поле и плазма.
Досега воопшто не беше сигурно дали има вселенски урагани на плазма, така што доказот за тоа со такво изразено набљудување е неверојатен, вели Локвуд.
Овие вселенски урагани најверојатно ќе се формираат за време на невообичаено големиот и брз пренос на соларната енергија на ветерот и наелектризираните честички во повисокиот слој на Земјината атмосфера, објаснува тој.
Претходните набљудувања откриваат вселенски урагани на Марс, Сатурн и Јупитер.
Ова најново откритие е всушност првото набудување на вселенскиот ураган во горната атмосфера на Земјата.
Ураганот е јасно поврзан со силен трансфер на енергија и маса, затоа ураганот во горната атмосфера на Земјата мора да биде насилен и ефикасно да ги пренесе енергијата и моментумот на сонларниот ветер / магнетосфера кон јоносферата на Земјата, се вели во студија објавена во научното списание „Nature“.
Научниците всушност го забележаа ураганот уште во август 2014 година, а потоа го забележаа како стабилна меѓупланетарна состојба на магнетно поле (IMF). IMF е соларно магнетно поле кое соларниот ветер го одвлекува од сончевата корона.
Студијата објаснува како вселенските урагани отвораат канал за брз трансфер на енергија од вселената кон јоносферата и термосферата, што може да помогне да се откријат важни детали за ефектите на вселенското време, како што се зголемено влечење на сателитите, нарушувања во радио комуникациите со висока фреквенција и повеќе радарски грешки за локацијата над хоризонтот, сателитска навигација и други комуникациски системи.
Извор: Zimo.hr