Oppo испрати покани за медиумите, потврдувајќи го датумот на објава на својот Find X3 Pro телефон. Уредот ќе биде претставен на 11. март, во текот на онлајн настан.
Досега веќе дознавме дека Oppo Find X3 Pro ќе го користи Snapdragon 888 чипсетот, а најавен и екран што нуди врвна резолуција, брзина на освежување и HDR, овозможувајќи им на корисниците најјасен, најпрецизен, флуиден дисплеј досега, според наводите на компанијата Oppo.
Се споменува и камера што ќе го подобри фотографирањето и снимањето видео на највисоко ниво на квалитет во различни сценарија.
Со други зборови, Oppo Find X3 Pro ќе има 6,7-инчен Super AMOLED екран со QHD+ резолуција, додека за главната и ултраширока камера се очекуваат Sony IMX766 сензори.
Поврзани артикли