Бункерот што го изгради Илон Маск, или таканаречената „Сајбер куќа“, која може да го заштити од  каков било апокалиптичен настан или нуклеарен напад, чини 865.000 долари.

Станува збор за место кое е отпорно на секаков вид нуклеарни напади. Местото се напојува со соларна и ветерна енергија. Има и генератор кој снабдува со енергија само во итни случаи.

Местото е изградено на три нивоа. Најдолниот дел, кој е и најбезбеден, е самиот бункер. Овој дел е опремен со врвна технологија и во него има складирано храна и медицинска опрема. Средниот дел е местото за дневно престојување.

Во овој дел се изградени петте спални соби, а во секоја од нив има посебно купатило. Исто така во овој дел има кујна, трпезарија и бар. Најгорниот дел е терасата. Ова место е со градина, каде што може да одгледувате зеленчук и билки. Има сопствен систем за филтрирање на водата.

Целиот комплекс е покриен со соларни панели, а оние кои ќе сакаат да купат едно вакво место, во вечерните часови ќе можат да уживаат во погледот кон ноќното небо, кога покривот е отворен.