Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство. Најсмртоносен е калифорнискиот вид. Бразилскиот министер Едуардо Пазуело изјави дека владата распределила од 13 до 14 милиони дози вакцини и дека планира да вакцинира половина од 210 милиони жители во земјата до средината на годината, пренесува „Ројтерс“.

Од друга страна, научниците се загрижени за постоењето на т.н. калифорниски вирус, за кој не се знае многу, но постои можност тој да биде најсмртоносна и најзаразна варијанта досега. Прелиминарна студија укажува на тоа дека овој вид се шири побрзо од другите, дека може да доведе до потешки форми на инфекција, дека бара поинтензивно лекување и дека може да биде уште посмртоносен.

Бидејќи истражувањето ја нема поминато проверката на независна група научници, сите овие тврдења треба да се земат со резерва.