Бидејќи сѐ повеќе и повеќе работи се извршуваат во веб-браузерот, ограничувањето на количината на RAM меморија што ја користи Chrome е врвен приоритет за Google.
Според новиот извештај на Windows Latest, гигантот за пребарување посветено работел на поддршката PartitionAlloc-everywhere за својот прелистувач, за да го подобри начинот на кој работи на Windows 10, Android, Linux и на други платформи.
Штом PartitionAlloc-everywhere се спои во изворниот код на Chrome, тоа ќе му овозможи на прелистувачот побрзо да стартува, побрзо да ги вчитува внатрешните страници и да понуди подобрено управување со ресурсите, што значи дека ќе користи помалку RAM меморија, пишува Techradar.
Google прв почна да работи на додавање поддршка за PartitionAlloc Chrome минатата година, и сега е достапен на корисниците во бета-каналот на прелистувачот за Android и Windows.
Компанијата ја овозможи оваа функција и на Linux, но се покажа дека е многу потешка за спроведување. Според Chromium bug, инженер на Google обезбедил дополнителни детали за напредокот на компанијата со PartitionAlloc на Windows, Android и Linux. Google, исто така, спроведе друг експеримент насочен кон намалување на употребата на меморијата во Chrome, во кој комбинираше regular и aligned партиции на прелистувачот, за да утврди дали тоа може да доведе до подобрување на перформансите, пренесува PC Press.
Покрај верзиите на својот компјутерски прелистувач, компанијата во моментов ја тестира PartitionAlloc-everywhere за Android. Досега, овие тестови резултираа во подобрена меморија, перформанси и стабилност при користење на Chrome на мобилен уред. Корисниците на бета-каналите на Android и Windows сега можат да го тестираат PartitionAlloc за да уверат дали функцијата помага во намалување на RAM меморијата што ја користи прелистувачот.
Извор: B92.net
Поврзани артикли