Според информациите на дојавувачот @RODENT950, првиот 1-инчен сензор креиран за телефони ќе пристигне наскоро и Huawei P50 ќе биде првиот уред што ќе го имплементира. Во прашање е Sony IMX800 сензор, кој наводно ќе биде претставен во април.
Кога е во прашање Huawei P серијата телефони, дојавувачот сугерира три конфигурации на камерата. Најмоќниот Huawei P50 Pro+ модел ќе има се: широка, ултраширока, телефото и перископ камера, како и 3D ToF сензор.
P50 Pro моделот ќе го задржи перископ сензорот, но нема да има телефото и ToF сензори. На крајот, стандардниот P50 ќе ја добие класичната широка, ултраширока и теелфото камера.
Се очекува дека сите три телефони ќе го имаат 1-инчниот IMX800 сензор во своите камери. Слично беше и кај P40 серијата, кога сите три модели го поседуваа 1/1.28″ Sony IMX700 сензор.
Според неофицијалните информации, претставувањето на Huawei P50 серијата се очекува кон крајот на март.