Xiaomi досега го претстави само стандардниот Mi 11 телефон, а многумина очекуваат кинеската компанија наскоро да ги објави Pro, Ultra и Lite моделите. Mi 11 Lite сега се појави на фотографии во живо, потврдувајќи ги претходните рендери и информации објавени за смартфонот.
Mi 11 Lite ќе дели сличен дизајн со стандардниот модел, но нема да има закривен дисплеј. Една од фотографиите открива дека Mi 11 Lite го користи MIUI 12 интерфејсот, базиран на Android 11, како и дека има 6GB RAM меморија.
Фотографиите не откриваат кој чипсет го покренува телефонот, но видливо е дека станува збор за осмојадрен процесор со максимален такт од 2,3GHz. Претходните гласини сугерираа дека уредот ќе го покренува Snapdragon 732G или сè уште необјавениот Snapdragon 755G чип.
Изворот на овие фотографии, пак, тврди дека Xiaomi Mi 11 Lite ќе има Snapdragon 775 чипсет, батерија од 4150mAh и поддршка за 5G мрежи. Исто така, ја потврдува 64MP главната камера со 5x оптички зум.
Поврзани артикли