Се појави фотографија од малопродажното пакување на стандардниот Redmi Note 10 телефон, што потврдува некои од карактеристиките на уредот.
Покрај рендерот на телефонот, пакувањето укажува на FullHD+ AMOLED дисплеј, како и на главна камера која има сензор од 48MP.
Знаеме дека Redmi ќе ја претстави својата Note 10 серија на 4 март, а во таа прилика се очекува стандардниот Redmi Note 10, како и Redmi Note 10 Pro и Redmi Note 10 Pro Max.
Redmi веќе навести дека Note 10 серијата ќе има Gorilla Glass заштита, IP52 сертификат, рамен дисплеј и хармоничен дизајн
Еден од трите модели може да има LCD-екран со голема брзина на освежување, Pro верзијата може да ја покрнува Snapdragon 750G чипсет, а барем еден од моделите треба да има камера од 108MP.