Кинеската компанија Realme денеска објави два нови телефони во рамките на Narzo 30 серијата. Се работи за понапредниот Narzo 30 Pro и поволниот Narzo 30A. Pro моделот е првиот во ова семејство што поддржува 5G мрежи, но исто така и прв со 120Hz екран. Pro моделот се фокусира на гејминг, квалитет на камерата и брза конекција, додека буџетскиот 30A им нуди на корисниците батерија од 6000mAh.
Realme Narzo 30 Pro
Realme Narzo 30 Pro го покренува MediaTek Dimensity 800U чипсет (две јадра Cortex-A76 @ 2.4GHz и шест A55 јадра) со графички процесор Mali-G57 MC3. Екранот на телефонот е 6,5-инчен 1080p+ со брзина на освежување до 120Hz. Брзината на освежување варира помеѓу 60Hz и 120Hz во зависност од содржината, а панелот има и 600 нита осветленост.
Pro моделот има главна камера од 48MP на задната страна (f / 1,8, 0,8 μm) и користи Super Nightscape режим за подобри перформанси во услови на слаба осветленост. За снимање видео, камерата нуди 4K 30 fps и 1080p 60 fps, како и кино режим (сооднос од 21:9) и дигитална стабилизација на сликата. Другите сензори на камерата на задната страна вклучуваат 8MP ултра-широк и макро од 2MP. На предната страна се наоѓа сензор од 16MP, сместен во отвор.
Narzo 30 Pro поддржува dual SIM, Dual Standby работа со downlink брзини до 2,34GHz. Достапни се 6GB RAM и 64GB простор (UFS 2.1), со можност за надградба на 8 GB / 128 GB. Уредот се напојува со батерија од 5000mAh, со поддршка за полнење од 30W преку адаптерот што доаѓа во пакетот.
Оперативниот систем е Android 10, со напомена дека работата на Realme UI 2.0 интерфејсот е во тек, а со него пристигнува и поддршка за Android 11. Телефонот се отклучува преку цртите на лицето или сензор за отпечатоци што се наоѓа од страна на рамката.
Realme Narzo 30 Pro пристигнува во Blade Silver и Sword Black варијанти на бои, а ќе дебитира на индискиот пазар со почетна цена од околу 235 долари за 6/64 GB моделот, додека варијантата од 8/128 GB ќе чини околу 275 долари.
Realme Narzo 30A
Realme Narzo 30A е буџетски модел, кој го карактеризира батерија со капацитет од 6000mAh. Батеријата може да поддржува репродукција на YouTube видеа од 27 часа со едно полнење, WhatsApp разговори до 28 часа или 10 часа играње. Батеријата се полни со употреба на адаптер од 18W.
Телефонот има 6,5-инчен дисплеј со 720p+ резолуција и 60Hz освежување. Чипсетот е MediaTek Helio G85, и доаѓа во комбинација со 3GB RAM и 32GB простор. Верзијата со капацитет од 4/64 GB е исто така достапна и има слот за microSD картички како кај Pro моделот. Нарзо 30А е 4G телефон, но сепак има слотови за две SIM картички.
Системот на камерата се состои од главен сензор од 13MP на задната страна (снимање видео со 1080p @ 30fps) и сензор за длабочина во црно-бела боја. На задната страна има и сензор за отпечатоци. Селфи камерата има сензор од 8MP. Оперативниот систем е Android 10, додека ажурирањето на Realme UI 2.0 е во фаза на подготовка.
Realme Narzo 30A ќе биде достапен во Laser Black и Laser Blue варијанти на бои, со цена од околу 125 и 140 долари за моделите од 3/32 GB и 4/64 GB.