Google објави имплементација на шест нови функции за Android. Тука е закажувањето на испраќање пораки во услугата Messages, темен режим за Google Maps, нови функции за Android Auto и друго. Најавен е и Password Checkup за телефоните со Android 9 или понова верзија.
Google Password Checkup се појави во Chrome минатата година. Функцијата на Android сега му овозможува на корисникот да знае дали лозинките што ги користи се компромитирани и кои акции може да преземе. Опцијата е достапна на Android апликациите преку Autofill with Google функцијата.
Сега, кога корисникот ќе ја внесе лозинката во апликацијата на телефонот со помош на Autofill with Google, услугата ќе ги провери лозинките на листата на познати компромитирани лозинки (лозинки кои се потенцијално украдени и објавени на интернет). Ако креденцијалите на корисникот се прикажат на овие листи, Google ќе испрати известување и упатство за проверка и промена на лозинката.
За да се овозможи Autofill with Google на Android уредите потребно е да се направи следното:
- Отворете Settings на телефонот
- Притиснете System > Languages & input > Advanced
- Притиснете Autofill service
- Притиснете Google за да бидете сигурни дека подесувањето е активно.
Оваа карактеристика обезбедува само енкриптираните hash креденцијали да го напуштат уредот, а исто така обезбедува серверот да ја врати листата на енкриптирани hash-ови на познатите креденцијали што го делат истиот префикс.
Поврзани артикли