Сопственикот на Tesla, Елон Маск, загуби повеќе од 15 милијарди долари за само еден ден поради падот на вредноста на биткоинот, со што се намали неговото нето-богатство.
Тоа значи дека шефот на Tesla и SpaceX повеќе не е најбогатиот човек во светот, според процените на агенцијата „Блумберг“, чие пишување го пренесува британски „Телеграф“.
Акциите на компанијата Tesla, која произведува електрични автомобили, вчера паднаа за повеќе од 20 проценти, повлечени од падот на цената на биткоинот на 45.000 долари.
Загубата на Маск доаѓа само две недели откако Tesla објави дека во својот биланс на состојба внеле 1,5 милијарда долари во биткоини