Првите истражувања укажуваат дека тој сој е многу позаразен од другите.
Во покраината Салцбург моментално детално се анализира еден примерок за кој постои сомнеж дека е од бразилскиот сој на коронавириусот.
Сојот со име “B.1.1.28” најпрво е откриен во декември во Бразил, а потоа и кај група патници кои патувале од Бразил во Јапонија.
Првите истражувања укажуваат дека тој сој е многу позаразен од останатите.
Бразилскиот сој веќе е откриен во повеќе европски држави, меѓу кои се Италија и Германија.
Инаку, актуелните податоци на надлежните власти во Австрија покажуваат дека британскиот сој во источниот дел на земјата станал доминантен во ширењето на инфекцијата, а во Тирол е активен јужноафриканскиот сој, кој веќе се наоѓа кај 36 проценти од сите позитивни примероци.