Samsung го претстави својот нов 50MP камера сензор, наречен ISOCELL GN2. Во прашање е наследник на минатогодишниот GN1 модел, а пристигнува со поголеми пиксели, помала потрошувачка и целосно нова PDAF технологија, наречена Dual Pixel Pro.
ISOCELL GN2 има сензор од 1/1.12″, кој нуди пиксели со големина од 1,4μm за детални фотографии во стандардни услови. Новиот сензор нуди можност за креирање на 100MP фотографии преку прераспоредување на боите на пикселите и користи „интелигентен ре-мозаичем алгоритам”. Во реалноста, фотографиите од 100MP претставуваат три 50MP слоја на зелената, сината и црвената боја, кои потоа се спојуваат и се скалираат за да се произведат фотографии со висока резолуција.
Сензорот е прв на Samsung со Dual Pixel Pro технологија. Наместо вертикално делење на црвената, зелената и сината, новата технологија ги дели зелените пиксели хоризонтално . Ова се очекува да овозможи побрз и попрецизен автофокус во услови на слаба осветленост или за објектите што се движат брзо.
Останатите спецификации на Samsung ISOCELL GN2 сензорот вклучуваат Smart ISO Pro за креирање на инстант HDR фотографии, како и снимање видео на 1080p@480 fps или 4K@120 fps. Samsung потврди дека сензорот веќе се наоѓа во масовно производство.
Поврзани артикли