Германскиот нанонаучник Роналд Визендангер тврди дека има докази дека коронавирусот не преминал од животните на луѓето, туку дека настанал во лабораторија.
Научникот од Хамбург за германските медиуми изјавил „дека за тоа има вкупно 600 докази од 2019 и 2020 година“.
„Информациите за вирусот и многубројните објави во стручните списанија и на социјалните мрежи, покажуваат дека коронавирусот бил „несреќа“ во лабораторија. Коронавирусот дошол од лабораторија во Вухан“, тврди научникот.
Според неговите зборови, вирусот многу добро се „фаќа“ за рецепторите на човечките клетки и успева да дојде до нив, што не било препознатливо во раните соеви на коронавирусите, а тоа укажува на неговото неприродно потекло.
Научникот укажал и дека лилјаците не се нудат на пазарот во центарот на Вухан кој што е наречен „епицентар на инфекцијата“.
Визендангер очекува во наредните недели и месеци да се спроведат понатамошни истражувања за потеклото на коронавирусот и се надева дека доказите ќе ја потврдат неговата теза.
Извор: Telegraf.rs