Сајтот LetsGoDigital објави детални прикази на својата визија за тоа како би можел да изгледа моделот Galaxy Note 21 FE. Секако, останува прво да се види дали Samsung планира да издаде нов смартфон од Galaxy Note серијата кој обично пристигнува во втората половина на годината.
Во текот на јануари, Samsung истакна дека само Galaxy S и Galaxy Z сериите се дел од премиум сегментот на компанијата за 2021 година. Сепак, многумина веруваат дека дури и ако Samsung не ги објави вистинските наследници на Galaxy Note 20 и Galaxy Note 20 Ultra, компанијата сепак би можела да го претстави Note 21 FE.
LetsGoDigital го комбинираше дизајнерскиот јазик на Galaxy S21 серијата со додадената функционалност на Galaxy Note линијата, што резултираше со интересни рендери за Samsung Galaxy Note 21 FE.
Дизајнерот Џузепе Спинели (или Snoreyn) сугерира Infinity-O дизајн на дисплејот, поддршка за S Pen, а телефонот би требало да користи Exynos 2100 чип или Snapdragon 888 во зависност од пазарот.
Поврзани артикли