Huawei објави нов тизер за претстојниот флексибилен смартфон Mate X2, што најавува поинаков дизајн во однос на првиот Mate X.
Објавата на социјалната мрежа Weibo открива нов постер кој Huawei го објави за својот претстоен Mate X2 флексибилен уред. Судејќи според се, Huawei Mate X2 навистина ќе има дизајн со свиткување на екранот навнатре, како што и претходно беше сугерирано.
Huawei се одлучи за ваков дизајн за да ги спречи наборите на екранот. Уште една битна работа што ја открива постерот е кругот зад уредот. Компанијата не споменува на што се однесува ова, но можно е дека смартфонот ќе има и лаптоп режим, што исто така претходно беше сугерирано во гласините.
Во лаптоп мод, еден дел од екранот ќе функционира како дисплеј, додека другиот ќе работи како тастатура. Се споменува и дека телефонот ќе има поддршка за паметно пенкало, што дополнително може да укаже на лаптоп режимот и овозможувањето дисплејот да се подесува и да се користи под различни агли.
Засега, знаеме дека Huawei Mate X2 ќе користи 5nm Kirin 9000 чипсет, што го потврди и самата компанија. TENAA сертификацијата претходно откри 8.01-инчен главен дисплеј со 2480 x 2200p резолуција и екстерен екран од 6.45 инчи и 2700 x 1160p резолуција. На задната страна на телефонот ќе се најде 50MP + 16MP + 12MP + 8MP систем на камери.
Повеќе официјални информации за Huawei Mate X2 флексибилниот уред ќе се дознаат наскоро, бидејќи презентацијата ќе се одржи во текот на следната недела, односно на 22. февруари, во 20 часот.
Објавата се совпаѓа со Mobile World Congress во Шангај, кој се одржува следната недела, а кој го менува традиционалниот Мобилен конгрес во Барселона. MWC оваа година ќе почне на 28. јуни, но се зависи од ситуацијата со пандемијата со Ковид-19.
Поврзани артикли