Италијанските власти го казнија Facebook со седум милиони евра бидејќи не ги информирал доволно корисниците за тоа како ќе ги користи нивните лични податоци.
Facebook не ги информирал доволно корисниците кои отвораат профили како ќе се користат нивните податоци, соопшти Италијанската агенција за конкурентност.
Социјалната мрежа не ги спровела мерките кои регулаторот ги вовел во 2018 година.
Според агенцијата, информациите кои Facebook им ги пружил на корисниците биле нецелосни и корисниците не можеле да разликуваат кои нивните податоци ќе се користат за рекламирањето, а кои за персонализацијата на платформата на Facebook, на пример за полесно барање нови корисници.
Портпаролот на Facebook изјави дека мерките од 2018 година не се спроведени бидејќи сè уште трае жалбената постапката против нив. Додаде дека компанијата инаку ги сменила условите за користење за да биде појасно на кој начин ги користи податоците.
Поврзани артикли