Претходно беше потврдено дека Redmi Note 10 серијата ќе биде претставена на почетокот на март, а сега го имаме точниот датум на глобална објава и тоа е 4. март.
Во текот на презентацијата се очекува да бидат официјализирани Redmi Note 10 и Note 10 Pro. Претходните тизери се фокусираа на подобрувањата во доменот на камерите, а се очекува дека линијата ќе ја краси 108MP главен сензор.
Останатите сугерирани спецификации на Redmi Note 10 серијата вклучуваат Snapdragon 750G чипсет и LCD екран со висока стапка на освежување.
Повеќе детали за Redmi Note 10 и Note 10 Pro моделите би можеле да имаме во следните денови, пред нивната објава.