Третиот најбогат човек на светот го насочи вниманието кон промоција на својата нова книга за климатските промени апелирајќи до човештвото да премине на вештачко, синтетички добиено месо, со цел да ја спаси планетата од стакленички гасови, пренесува РТС.
Основачот на „Мајкрософт“ ја објави својата најнова книга „Како да избегнеме климатска катастрофа: Решенијата што ги имаме и достигнувањата шти ни требаат“, а во едно промотивно интервју Гејтс рече дека еден од начините да се намалат нивоата на метан е да не се јаде месо и да се замени со научнофантастично синтетичко одгледување во лабораторија.
„Мислам дека сите богати земји треба целосно да преминат на синтетичко говедско месо“, изјави Гејтс за магазинот „Технолоџи ривју“.
„Можете да се навикнете на разликата во вкусот и тоа ќе го направи уште повкусно. Со текот на времето тоа може да доведе до промена на навиките на луѓето и законите со кои целосно ќе се смени побарувачката“, истакна Гејтс.
Идејата е да се намалат емисиите на метан, исклучително моќен гас со ефект на стаклена градина произведен од преживари додека ја варат тревата.
Пофалувајќи го технолошкиот напредок во земјоделството и биоинженерството, Гејтс верува дека не постои друг начин, освен целосно да се елиминира добитокот од нашата исхрана, иако тој призна дека тоа е многу тежок пат бидејќи е многу политички непопуларно да им се каже на луѓето дека веќе не може да јадат говедско, овчо и козјо месо.