Компанијата SpaceX лансираше ракета носач Falcon 9 со 60 Starlink микросателити.
Лансирањето беше пренесувано во живо на веб-страницата на приватната американска компанија на Елон Маск.
Ракетата беше лансирана пред 23 часот по локално време вчера од космодромот Кејп Канаверал, на Флорида. Falcon 9 беше користен во пет претходни лансирања за да се намалат трошоците, но овој пат SpaceX не успеа да го врати на специјално дизајнираната пловечка платформа.
SpaceX confirms the 60 Starlink broadband satellites successfully deployed from the Falcon 9 rocket’s upper stage in orbit. This brings the total number of Starlinks launched to 1,145 satellites.https://t.co/iSV3bbx5ro pic.twitter.com/8GkPqSk5h1
— Spaceflight Now (@SpaceflightNow) February 16, 2021
Лансирањето беше закажано за в недела, но беше одложено за еден ден поради неповолни временски услови.
Проектот Starlink на SpaceX е мрежа на сателити во орбитата за да се обезбеди пристап до интернет. Пуштањето во употреба на вкупно 11.000 микросателити ќе чини 10 милијарди долари.
Поврзани артикли