Apple воведува извештаи за несреќите, опасностите и контролата на брзината на Apple Maps, слично како во мапите на Google и Waze.
Функцијата моментно им е достапна само на корисниците со iOS 14.5 бета и слична е на опциите за пријаување што се наоѓаат во Waze и Google Maps.
Кога ја користите функцијата, вие (или по можност совозачот) можете да го притиснете новото копче Report и да го изберете видот на инцидент или опасност што ја пријавувате. Тоа можете да го направите дури и со Siri, ако кажете „тука постои контрола на брзината“ или „нешто има на патот“. Популарниот сајт MacRumors покажува дека интерфејсот е достапен и во верзијата CarPlay Maps. Оваа функција за известување ориентирана кон корисникот, сега е нешто што сите главни апликации за мапи го имаат или го развиваат.
Иако оваа функција е популаризирана со помош на Waze, на Google Maps е достапна во април 2019. година, па Apple всушност пробува да ја достигне конкуренцијата (како што тоа го пробува со додавање на слики и рецензиите кои ги генерираат корисниците на Maps).
Меѓутоа, вреди да се напомене дека верзијата на Apple има многу помалку опции – онаа на Google е многу поопширна. Што се однесува до верзијата на Apple, ќе додадеме и една чудна работа што нема никаква врска со фактот дека опцијата е во бета верзија – иконите за незгодите и контрола на брзината на Apple и Google изгледаат многу слично.