Роботот-курир на „Јандексˮ почна да испорачува нарачки по куќите, соопшти прес-службата на компанијата.
Апаратот почна да работи заедно со обичните курири на сервисот „Јандекс.Лавкаˮ, но е апсолутно автономен. Засега роботот развезува нарачки само по домовите во населбата Ходинское поле. Претходно електронскиот курир вршеше испораки само во Инополис (универзитетски град на високи технологии во Татарстан).
Инаку, „Јандексˮ одамна почна со масовно тестирање на својот робот-курир. Најпрвин му беше доверена испорака на документи, а сега превезува и храна.
Во процесот на усовршување роботот доби поголемо одделение за сместување на нарачките, како и продолжено време на неговото автономно функционирање на 10 часа со едно полнење на батеријата. Притоа капакот на роботот се отвора автоматски кога ќе се притисне копче во апликацијата.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли