За смартфонот на Samsung се зборува уште од минатата година, а сега се откриени спецификациите и неговиот изглед.
Рендерите се објавени на германскиот блог WinFuture. Galaxy A72 4G изгледа како и 5G верзијата, поседува 6,7-инчен FullHD+ Super AMOLED екран со фреквенција на освежување од 90Hz, а позади се 4 камери сместени во горниот лев агол.
Во претходните извештаи се говореше дека уредот има главна камера од 64 MP, ултраширока од 12, макро од 4 и сензор за длабочина од 5 MP, меѓутоа според најновите информации станува збор за телефото камера од 8 и макро камера од 2 MP.
Однапред се наоѓа селфи камерата од 32 MP, а сензорот за отпечаток од прст е интегриран во екранот. Уредот доби Qualcomm Snapdragon 720G процесор со 8 GB RAM.
Galaxy A72 ќе биде отпорен на вода и прашина по IP67 стандардот, а ќе го напојува батерија од 5.000 mAh.
Рендерите откриваат дека ќе биде достапен во најмалку 4 бои, а во Европа ќе се продава по цена од 449 и 509 евра, зависно од тоа дали се работи за моделот со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија или 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли