Европската вселенска агенција (ESA) ќе ја почне четвртата кампања за регрутирање астронаути, при што ќе бидат избрани од четири до шест кандидати.
ESA наведува дека целта на четвртата кампања е „промена на генерацијата“ и оти се предвидени повеќе места за жени, а можеби и за лицата со попреченост. Селекцијата почнува на 31 март со прием на кандидати и ќе заврши во октомври 2022 година.
За време на претходното регрутирање во 2008 година, од повеќе од 8.000 аспиранти, помалку од десетмина ја поминаа целта, вклучувајќи го и Томас Пескет, најмладиот од европската астронаутска корпорација.
Следната генерација на астронаути, која ќе биде заедно со сегашната, е предодредена да лета кон Меѓународната вселенска станица, но и кон Месечината, особено со американската програма Артемис, која има за цел, во следната деценија, враќање на астронаутите на Месечината и поставување трајна база. ESA веќе обезбеди три места за Европејците кои се наоѓаат во идната орбитална станица на Месечината „Гејтвеј“, како учесник на програмата.
ESA ги охрабрува жените да аплицираат со цел да се зајакне родовата разновидност во нејзините редови. Во претходната кампања само 16 отсто од пријавените биле жени.
Директор за истражување на луѓе и роботика во ESA, Дејвид Паркер најави дека селекцијата можеби ќе се прошири и на лица со телесна попреченост.
„Заедно со регрутирањето на астронаутите, започнувам физибилити студија за парастронаути, иновација која претстои“, посочи Паркер.
Кандидатите од 22 земји-членки на ЕСА треба да се на возраст од 27 до 37 години и тие треба да поминат шест тестови.