Астероид со дијаметар 1,7 километри во март ќе помине блиску до Земјата, а NASA го прогласи за потенцијално опасен.
Астероидот 231937 (2001 FOI32) нема големи шанси да ја погоди Земјата во март, бидејќи тој ќе помине од нас на растојание од 1,92 милиони километри, што е петпати поголемо од растојанието на Месечината од Земјата.
Сепак, НАСА официјално секоја вселенска карпа која се приближува до Земјата поблизу од 159 милиони километри ја прогласува за „објект близу Земјата“. Споменатото растојание претставува три четвртини од растојанието на Марс од Земјата. Секој што се приближува до Земјата на 7,36 милиони километри или помалку, се смета за потенцијално опасен.
Споменатиот астероид кој ќе дојде најблиску до Земјата на 21 март во 17:03 часот е прогласен за потенцијално опасен затоа што навистина може да ја погоди Земјата некаде во далечна иднина.
Астероидот првпат беше откриен во 2001. година преку мрежа на телескопи во Ново Мексико, кој е проект на МИТ финансиран од американското воено воздухопловство и НАСА. Истиот астероид се следи откако е откриен.
Користејќи информации од тоа следење, научниците исто така ја пресметале неговата орбита и откриле колку близу ќе помине покрај Земјата со брзина од 123.200 км/ч.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли