Бил Гејтс во гостувањето на YouTube каналот Veritasium зборуваше за можните катастрофи кои што можат да се појават во светот по крајот на пандемијата со коронавирусот. Истакна две – климатските промени и биотероризмот.
За климатските промени изјави дека поради нив во наредните неколку децении ќе умираат поголем број луѓе годишно за разлика од Ковид-19, а стравот од биотероризмот доаѓа од претпоставките дека навистина еден ден може да се случи некој да создаде вирус – вештачки во лабораторија и да го пушти во светот.
Тој исто така истакнал дека низ историја токму епидемиите покажале дека тие се најпогубниот катаклизмичен настан за човештвото.
Кога водителот го прашал како го предвидел вирусот, Гејтс се „потпрел“ на цикличноста на респираторните вируси и кажал дека навистина не е добро чувството на моќ, велејќи: „Ви кажав“.
Тој исто така кажал дека жали поради недостатокот на визијата на светските лидери во моменти на опасности кои што му се закануваат на човечкиот род.
„Постојат ризици како земјотреси кои што постојано се повторуваат, или пак војни, пожари, урагани… Пандемиите не доаѓаат толку редовно и се мисли дека наредните години нема да има проблеми, па очигледно поради тоа не се вложуваат пари во тоа. Оваа пандемија ќе нè натера да сфатиме дека тоа треба да ни биде приоритет“, се надева основачот на Microsoft.
Тој исто така смета дека отсега како вид ќе бидеме попаметни и почесто ќе вложуваме во дијагностика и истражувања, т.е. ќе ги зголемиме можностите во тестирањата и специјализираните погони за побрза и поевтина изработка на термоотпорни вакцини.
„Интернетот го донесе „златното доба“ на ширење на информациите и можноста на образување од домовите. Сепак, социјалните мрежи често создаваат хаос и ги насочуваа луѓето во погрешна насока“, порача Гејтс и додаде: „Да се создаде сигурна вакцина е понапорно и почувствително. Било која грешка во тој процес носи страшни последици. Бројот на вакцините кои што сега можат да се произведат во одредено време зависи и од самата сигурност на нивната изработка“.
Извор: B92.net
Поврзани артикли