Во рамките на United Grоup во Македонија работи компанијата Тотал ТВ и нејзините сервиси EON и Total TV
Мобилната мрежа на бугарскиот оператор VIVACOM, која е дел од United Group, беше прогласена за најбрза во Европа по втор пат по ред, според истражувањето на Ookla глобалниот лидер во интелигенција на мобилните и интернет мрежи, тестирање на апликации и технологија.
Резултатите од истражувањето, засновано врз анализа на повеќе од 54.000 тестови спроведени во втората половина на 2020 година, во кои учествуваа над 17.000 корисници на VIVACOM во Бугарија, се добиени врз основа на мерењата на апликацијата Ookla – Speedtest.
Во рамките на United Grоup во С. Македонија работи компанијата Тотал ТВ и нејзините сервиси EON и Total TV.
„Горди сме на оваа награда, која е резултат на посветена работа за развој на мобилната мрежа VIVACOM. Ова признание е особено важно во овој момент, бидејќи 2020 година беше голем предизвик поради пандемијата, а мобилните комуникации беа особено важни за нашите корисници. Напорно работевме за да им понудиме на корисниците високо квалитетни услуги и повеќе можности за комуникација, работа и забава во овој тежок период. Оваа награда ги признава тие напори и е доказ за добро завршената работа “, рече извршниот директор на VIVACOM, Атанас Добрев.
Во септември минатата година, Ookla за прв пат го прогласи VIVACOM за најбрза мобилна мрежа во Европа за првата половина на 2020 година.
Во јули 2020 година, VIVACOM стана дел од холандската компанија United Group, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. United Group има најшироко мрежно покривање во Југоисточна Европа, работи во 8 земји со приближно 10 милиони корисници и 11 илјади вработени на крајот на 2020 година.
За повеќе информации, посетете ги https://united.group и http://www.unitedmedia.net.