Samsung во август минатата година ја претстави Galaxy Tab S7 серијата, но наследниците на овие таблет уреди би можеле да пристигнат порано. Името Galaxy Tab S8 се појави на страницата за поддршка на сајтот на Samsung во Ирска.
Според информациите од страницата, уредот го носи името Samsung Galaxy Tab S8 Enterprise Edition и поддржува картички microSD со капацитет до 1TB и има простор за nano-SIM картички.
Ова може да биде грешка, со оглед на тоа што на листата не е вклучен Galaxy Tab S7 Enterprise Edition, но од друга страна помина половина година од објавата на Tab S7 моделот и новата линија би можела да пристигне наскоро.
Enterprise Edition уредите на Samsung воглавно им се продаваат на партнерите преку други канали на дистрибуција, но можат да ги купат и крајните корисници за своите мали претпријатија. Разликата во споредба со стандардните уреди е продолжената, четиригодишна гаранција, една година Samsung Knox поддршка и подобрена заштита.