Нарачајте и платете преку својот смартфон.
Македонско-Холандската компанија Нсајт Солушнс (NSight Solutions) го лансираше OrderThis – нов систем за креирање на дигитално мени. Компанијата, која е специјализирана во областа на ИТ услуги во угостителскиот сектор, со овој систем им помага на угостителските објекти да го дигитализираат и автоматизираат процесот на нарачување во угостителските објекти.
OrderThis им овозможува на угостителите да креираат свое дигитално мени, да вршат инстантно промени и во секое време да креираат разни промоции, во зависност од нивните моментални потреби. Во исто време OrderThis им овозможува на гостите да извршат нарачка директно од својот смартфон со што се елиминираат грешките при нарачување и се скратува времето на чекање.
Концептот на дигитално мени и нарачување преку смартфон е доживува голема популарност помеѓу холандските угостители и корисници. Нашиот систем е еден од најсофистицираните во поглед на понудени опции, но во исто време доволно едноставен за користење од страна на угостителите и лесен за ракување од страна на сите гости во објектот. Исто така, нашето решение може целосно да се персонализира од аспект на дизајн, со што целосно ќе се вклопи во стилот на локалот. – наведува Лисе Терлаак, ко-основач на Нсајт Солушнс.
Системот OrderThis може да го користат сите видови угостителски објекти: кафулиња, барови, ресторани, но и хотели и други сместувачки капацитети кои служат храна и пијалоци Системот може да се користи во целиот објект, како собна услуга во хотелите, бар на плажа или покрај базен, или пак во еден дел од објектот како на пример на летната тераса. Во исто време може да се креираат различни менија и понуди за различни делови од угостителскиот објект.
Популарноста на овој концепт кај угостителите се должи пред се во зголемувањето на ефикасноста на персоналот бидејќи добиваат на располагање систем кој го скратува времето на земање нарачки од гостите, ги скратува трошоците за изработка на постојано нови менија и промотивни материјали, и поради лесната можност за нарачување, го зголемува обртот на угостителскиот објект.
Овој систем е популарен помеѓу гостите од причина што го скратува времето на чекање на персонал кој ќе ја земе нарачката и ќе достави сметка, додека во исто време ги елиминира грешките и заборавените нарачки кои влијаат негативно на целото искуство – вели Славко Зафировски, ко-основач и генерален менаџер на Нсајт Солушнс.
Компанијата Нсајт Солушнс (Nsight Solutions) успешно ја заврши акцелераторската програма огранизирана од Сеавус Акцелератор во
партнерство со еден од водечките европски B2B Акцелератори – Startup Wise Guys и Европскиот Фонд за Југоисточна Европа.
Компанијата има седиште во Скопје како и канцеларии во близина на Ротердам, Холандија.
Во иницијалниот период на лансирање на системот OrderThis, и имајќи ја во предвид моменталната Ковид-19 пандемија, компанијата ќе го понуди системот за користење еден месец бесплатно на првите десет угостителски објекти.
Поврзани артикли