Објектот за истражување и развој на Qualcomm лоциран во Бретања и регионот на Париз ќе помогне да се дефинира иднината на 5G
Qualcomm ги објави плановите за отворање на нов 5G центар за истражување и развој (R&D) во Франција, што ќе работи на идната еволуција на 5G и пошироко.
Новиот интерен R&D објект се приклучува на мрежата за истражување и развој на Qualcomm Incorporated и од компанијата велат дека ќе игра клучна улога кај вработените во Qualcomm при спроведувањето на развојот на 5G на локално, регионално и глобално ниво.
Првата канцеларија на Qualcomm во Европа беше отворена во Франција пред повеќе од 20 години и компанијата верува дека новиот 5G центар за истражување и развој – што се темели на постоечките погони во регионот на Париз и Софија Антиполис, кои се активни повеќе од 20 години – ги зајакнува односите со Франција и Европа, за која вели дека брзо станува епицентар на лидерство во R&D технологијата.
„Франција веќе има водечка техничка инженерска инфраструктура, така што е соодветна локација за овој нов центар за истражување и развој на 5G”, рече Џон Сми, потпретседател за инженерство во Qualcomm Technologies. „Тимот за истражување и развој на 5G ќе работи на напредно инженерски системи за да помогне во дефинирањето на иднината на 5G и пошироко – и новиот центар е огромна можност за инволвираните лица, како и за самата компанија“.
Новиот центар ќе биде лоциран во Ланион во Бретања и Иси-Ле-Мулино во регионот на Париз. Ланион е центар за телекомуникациско инженерство и европски центар за технологија. Qualcomm работи со француската влада за да го прошири Ланион како водечки телекомуникациски центар, за да ги задржи врвните таленти и технолошката експертиза за 5G.
Токму во оваа област Qualcomm неодамна ги зголеми инвестициите. Пред само неколку недели, компанијата ја лансираше Snapdragon 480 5G мобилната платформа, за која се вели дека е првата платформа од четвртата серија опремена со 5G, што нуди пристап до глобалната 5G конекција од следната генерација и она што Qualcomm го нарекува перформанси што и „пркосат на серијата“, за да ја подобрат продуктивноста и забавните искуства.
Новата платформа има процесор со работна способност до 2,0GHz за да овозможи до 100 проценти подобрување на CPU и GPU перформансите и до 70% подобрување на ефикасноста на вештачката интелигенција во споредба со претходната генерација.
По повод своето претстојно назначување да го замени Стив Моленкоф на функцијата извршен директор, Кристијано Амон истакна дека Qualcomm со децении е во првите редови на иновациите и дека има за цел и во иднина да ја задржи оваа позиција.
„Покрај тоа што ја поттикнува 5G експанзијата на мејнстрим уредите и пошироко од мобилните уреди, Qualcomm игра клучна улога во дигиталната трансформација на бројни индустрии, бидејќи нашите технологии стануваат неопходни за поврзување во облак“, рече тој. „Потребата од нашите решенија никогаш не била поизразена, а лидерската позиција никогаш не била поевидентна“.
Поврзани артикли