Злогласната површина помеѓу Флорида, Порторико и Бермудите е кошмар за капетаните и пилотите. Сега, велат, се движи и ја менува локацијата.
Многуте авиони и бродови кои ги снемало во Бермудскиот Триаголник ја создадоа легендата за тоа дека таму постои некоја невидлива и непозната сила. Претпоставките се дека магнетни полиња се причината за чудните работи кои се случуваат во овој дел од светот.
Работата е што океанското дно е направено од карпи кои содржат многу магнети, кој е налик на железо. Магнетните полиња реагираат на високата концентрација на магнетит на океанското дно, реакција која предизвикува конфликт помеѓу двете сили. Често создава временски аномалии, а како резултат на тоа и проблеми во навигацијата.
Но, познато е дека магнетните полиња често ги менуваат своите позиции на Земјата, како и тектонските плочи, па и самите континенти, иако ние тоа не го забележуваме. Оттаму и заклучокот дека Бермудскиот Триаголник се движи.
Поврзани артикли