Македонската компанија Свифт Дата со своето иновативно решение Солар Дата Колектор започнува нова ера во соларната индустирја. Солар Дата Колектор кон крајот на 2020 ги започна преговорите со германската компанија Секонд Сол за интегрирање на двата системи заедно и започнување на партнерство во 2021.

Целта на меѓусебната соработка е носење на пазарот ново next-gen решение во соларната индустрија односно олеснување на процесот за набавка и одбирање на компоненти за изградба на централа. Заинтересираните мали инвеститори имаат можност да стигнат до панели и компоненти по конкурентни цени.

Проценка, Мониторинг и Оптимизација на фв. централи

Солар Дата Колектор е софтверско решение кое преку својата платформа нуди проценка за потенцијал на локација, мониторирање на веќе постоечки централи и предвидување на производство за следните неколку дена.  Предвидувањето на производство на електрична енергија е уште една новост која е достапна на корисниците на Солар Дата Колектор. Ова ќе им овозможи прецизно предвидување на производството и задоволување на нормите и дневните таргети кои ги побаруваат регулативите на државите.

„Задоволни сме што го интегриравме пазарот на СекондСол во платформата на СоларДатаКолектор. Ова им нуди на нашите корисници уште поголема удобност и им овозможува да ги вклучат достапните производи и производители од цела Европа во нивните предвидувања и оптимизации. Македонските и сите останати инвеститори ќе имаат можност во реално време да видат како стојат цените на пазарот за голем број на компоненти, со што нема да се ограничуваат на локалните дистрибутери “ – Назначи Александар Момироски,  ген.мен на Свифт Дата [во интервјуто за pv-magazine].

Панели и инвертери на еден клик од вас

Корисниците на Солар Дата Колектор можат да изберат регионални или меѓународни производи и дистрибутери, да изберат панели и инвертери за дизајн/оптимизација на фотоволтаичната централа и покрај техничките параметри да ги земат во предвид и цените при пресметката. Цените на производите што се продаваат на платформата на СекондСол се доста конкуренти во споредба со цените што се продаваат на македонскиот и соседните пазари. Производите може веднаш да се нарачаат од производителот или дистрибутерот, и да лесно да се оствари контакт со него.

„Со околу 3 милиони индивидуални артикли на располагање, пазарот на SecondSol е еден од најголемите снабдувачи на ПВ производи во светот. Бројот на нови производи што се нудат значително се зголеми во последниве години и е во постојан раст. Пред сè, производителите и дистрибутерите од цела Европа го користат пазарот на СекондСол за да ги претстават своите производи на уште поголема целна група. Преку соработка со Солар Дата Колектор, ние исто така им нудиме на нашите продавачи нови и ексклузивни можности за продажба надвор од досегашните регии на продажба “, додава Стефан Випих, управен директор на SecondSol [во интервјуто за pv-magazine].

Идни планови и импементирање на нови иновативни решенија

Имплементацијата на двете решенија заедно беше поттикната од желбата за олеснување на процесите за дизајнирање и изработување на студија за фотоволтиачна централа. Истата прерасна и опфати поширока сфера на можности за помош на клиентите на двете платформи. Веќе започнавме преговори за нови интеграции и нови иновативни решенија кои ќе ги променат досегашните рамки поставени во индустријата.  – Дамјан Постоловски, ЦТО.