Анимација објавена на Twitter ја покажува борбата на еден кит принуден да ги избегнува големите бродови додека се обидува да се храни.
Китот е следен во заливот Корковадо, а на анимацијата е означен со сина точка, додека останатите точки претставуваат бродови. Анимацијата е објавена со истражување на патувањето на китовите и бродовите, движењето на китовите е следено во период од 3 месеци, по што тие патувања се споредени со движењата на бродовите.
Научниците велат дека резултатите укажуваат на потребата од мерки кои ќе ги заштитат китовите, а кои подразбираат закон за брзина на пловидбата. Целта е да се спречат бродовите да удираат во китовите кои се наоѓаат во тие води. Колку се загрозени китовите најдобро покажува анимацијата која прикажува еден кит кој се мачи да ги избегне бродовите додека се обидува да се нахрани.
THREAD Are U stressed? Animation by @BedrinanaLuis shows 1 difficult week in the life of 1 #whale. BLUE DOT is 1 whale trying to feed while dodging heavy vessels traffic @ #Ancud Gulf 3/22/19 to 3/29/19 #shipstrikes #whales Paper @Nature https://t.co/EA2lt0F0l8 @alex_zerbini pic.twitter.com/XkQOeRXs4L
— Centro Ballena Azul (@ballenaschile) February 2, 2021
Јасно е дека китовите се загрозени од големиот број транспортни и рибарски бродови кои брзо се движат и можат да предизвикаат сериозни, понекогаш и фатални повреди кај животните.
Колкав број случаи на контакт се случуваат е невозможно да се утврди бидејќи таквите ситуации често не се пријавуваат. Сините китови се загрозен вид, а секој угинат кит е голема трагедија со оглед на тоа дека децениското ловење китови драстично ја намали нивната популација.
Поврзани артикли