Се појави нов телефон на Motorola, уште еден што го носи името по град во Средоземното море. По Ibiza и Capri моделите, сега го имаме Motorola Athena (познат и како Motorola Defy).
Смартфонот се појави на Google Play Console и Geekbench листинг, со Snapdragon 662 чипсет и 4 GB RAM меморија, што сугерира дека станува збор за уште еден достапен модел.
Благодарение на Google Play Console листингот, знаеме дека телефонот ќе има HD+ екран со засек за селфи камерата.
Android 10 е наведен како оперативен систем, а ova го потврдува и Geekbench. На ben;mark тестот, уредот се се појави под името Bullitt Motorola Defy, а оствари резултати кои се на исто ниво со другите телефони со Snapdragon 662 чипсет.