Samsung сега ја наведува новата Phantom Navy опција на боја за своите Galaxy Tab S7+ и Galaxy Tab S7 таблет уреди. Новата сина боја се придружува на претходно достапните Mystic Black, Mystic Bronze и Mystic Silver опции.
Phantom Navy варијантата засега беше забележана само на веб-страницата на Samsung во Германија, а во моментов овој модел на таблет го нема залиха.
Покрај ова, дојавувачот Roland Quandt истакнува дека Samsung наскоро ќе почне да го нуди 512GB моделот на Galaxy Tab S7+ таблетот. Не се објавени детали за цената и достапноста на овој модел.
Samsung Galaxy Tab S7 and Tab S7+ are now launching in a new "Phantom Navy" / "Navy Blue" color option. Plus model is also getting a new 512GB variant: https://t.co/IDRX4uHbHT pic.twitter.com/ye0z3dsjoQ
— Roland Quandt (@rquandt) February 5, 2021
Samsung Galaxy Tab S7 и S7 + го користат Android 11 со OneUI 3.1 интерфејс, имаат Snapdragon 865+ чипсети и три камери. Двата модели имаат 120Hz дисплеи, со тоа што Galaxy Tab S7 ккористи 11-инчен LTPS TFT, додека Tab S7 + има 12,4-инчен Super AMOLED екран.