Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ работи на развој на технологија за забрзано создавање на вакцина против коронавирусот во случај на брзи промени во геномот на патогениот агенс, изјави директорот на центарот Александар Гинсбург.
– Истражувачкиот центар работи на технологија што ќе овозможи развој на вакцини многу брзо и ефикасно во случај патогенот да почне брзо да мутира, рече тој, пренесува ТАСС.
Претходно, водечкиот истражувач на центарот Гамалеја, каде беше развиена вакцината Спутник V, Федор Лисицин, рече дека ниту една од откриените мутации не може да ја загрози ефикасноста на достапните вакцини.
Поврзани артикли